Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Утре ќе се презентира проектот Работен клуб за невработени жени од етничките малцинства во Република Македонија “Обука, посредување и самовработување”, кој го реализира Центар за ромска заедница “ДРОМ.
Цел на проектот е да се стимулираат и охрабрат 300 жени од етничките малцинства во Македонија: Албанки, Ромки и Турчинки да влезат на пазарот на трудот преку : обука како да најдат работа, посредување при барање на работа, курсеви за професионално и стручно оспособувае и обука за самовработува. Проектот се реализира од Програма на Европска унија од ИПА компонента IV: оперативна програма за развој на човечки ресурси 2007 - 2013 година, подобрување на потенцијалите за вработување на жените од малцинските заедници на пазарот на трудот - вели Ахмет Јашаревски, локален менаџер и координатор на проектот.
Презентацијата ќе трае од 10 до 11.30 часот во зградата на Комитет.