Ќе се отвори Агенција за финансиска поддршка во земјоделството
29.01.2014 09:42
| KumanovoNews
За неколку дена се очекува отварање на подрачна канцеларија од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството во Куманово.

Агенцијата ќе биде сместени во просториите на Агенцијата за поттикнување за развојот на земјоделството кај Стариот парк.
- Целта е поблизок контакт со земјоделците. Да имаат каде да прашаат за проблемите со кои се соочуваат и да се информираат за начинот на аплицирање, процедурите - велат од агенцијата.
До крајот на февруари ќе бидат отворени 8 подрачни канцеларии од оваа институција низ Македонија.