×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ќе се подобри безбедноста во Пензионерски дом

    13.01.2016 15:43 | KumanovoNews

    Станарите во Пензионерски дом Куманово се надеваат дека ќе се подобри безбедноста, откако од ПИОМ им поставиле нова влезна врата и врата пред холот на објектот.

    Ќе се подобри безбедноста во Пензионерски дом

    Дополнително велат дека самиот факт што ресторанот Парк е реновиран и ќе профункционира, ќе се намали бројот на корисници на дрога, крадци и други сомнителни лица кои се движат околу домот. Се надеваат дека надлежните ќе имаат слух и ќе направат посебна порта за влез во ресторанот, а посебно за влез во Пензионерскиот дом.

    И да тропаат ноќе не отвараме. Ние сме стари жени. Уништено беше долу, покрија да не тече, ставија ламинат“-вели Стојна Павловиќ, станар.

    Се надеваат дека ресторанот ќе си го врати стариот сјај, дека ќе има свадби и други прослави.

    Се радуваме за ресторанот. Може ќе има менза тука, ќе си плаќаме, ќе земаме јадење. Јас овде живеат 16 години и сум задоволна“-рече Лена Коцевска, станар.

    Благунка Петковска раскажува дека сега дворот на домот е исчистен, нема смет и се чувствуваат посигурни.

    Сега ни е супер, се чувствуваме посигурни. Само да имаме посебна врата. Дали е во ред ние млади и стари да се разминуваме? Во ситни часови доаѓаат луѓе, не ги видуваме кои се. Има луѓе што држат соби, а не живеат тука и треба да се поведе ред. Има луѓе што седат на улица, што плачат за овде. Се надеваме за ресторанот дека ќе биде уште поубав“-изјави Петковска.

    Во Пензионерскиот дом живеат 16 станари. Тие на ПИОМ плаќаат месечен надомест од 600 или 1000 денари зависно од големината на станот.