Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во среда во акцијата “Ден на дрвото“, ќе се пошумува во липковското село Ваксинце и во село Макреш во Старо Нагоричане.
Од “Шумско стопанство“ информираат дека вкупно 200 хектари на двете локации ќе бидат засадени со чемпрес, црн и бел бор.
„Ќе пошумуваат наши вработени и граѓани од општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане. Тоа се места кои се оголени и каде навистина има потреба од пошумување. Ќе бидат засадени повеќе садници од лани, околу 800.000 за кумановски крај“ - кажа Ваит Саити, директор на “Шумско стопанство“.
Идејата за пошумена Македонија се појави во август 2007 година, кога амбасадорот на мирот на УНЕСКО, светски познатиот баритон, Борис Трајанов, поттикнува проект за масовно засадување на голините и опустошените планини.