Ќе се промовира книгата “Основите на небото“
28.11.2012 09:05
| KumanovoNews
Во холот на библиотеката “Тане Георгиевски“ утревечер ќе се промовира книгата “Основите на небото“ од Милош Линдро.

Промотори се писателите и литературни критичари Санде Стојчевски и Бранко Цветкоски. Извадоци од книгата ќе чита Љубица Гојковиќ, а водител ќе биде Наташа Крушиќ - Лазаревска. Ова дело се закити со престижната награда Браќа Миладиновци.
Милош Линдо е македонски поет, писател, преведувач роден во Косел, охридско. Негови попознати дела се “Полилелма“, “Вибрации“, Разградба“, “Знакот, думата, словото“ и други.
Промоцијата ќе почне во 19 часот.