Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во основните училишта во селата Љубодраг и Умин Дол, утре ќе се промовира прирачник за правата на помалите етнички заедници.
Мотото на кампањата е “Искористи го своето право - образувај се на својот мајчин јазик“, која има за цел да го промовира правото на децата да посетуваат редовна настава на турски и српски јазик, како и изборен предмет на Ромите, Власите и Бошњаците.
Кампањата ја спроведуваат Агенцијата за остварување на правата на заедниците, Министерството за образование, Управа за развој и унапредување на образованието на јазиците на заедниците со поддршка од ОБСЕ.
(фото архива)