×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ќе се расчистуваат речните корита во Куманово

    20.11.2014 13:43 | KumanovoNews

    Општинските и државните претпријатија и институции, од утре со механизација ќе почнат да ги расчистуваат речните корита, кои се во урбаниот дел на Куманово.

    Ќе се расчистуваат речните корита во Куманово

    Ова денеска беше заклучено на регионалниот штаб на Регионален центар за управување со кризи, каде претставници од општините, јавните претпријатија, полиција, пожарна и други субјекти дискутираа за поплавите. Тие се категорични дека мора да се отстранат дрвјата и наносите од речните корита.

    “Ќе се изврши расчистување во реките Кумановка, Којнарка и Липковка. Мислам дека уште утре ќе се излезе на терен. Овој состанок ги разјасни сите нејаснотии што беа во рамки на локалната самоуправа, дали ќе имаме проблем ако излеземе согласно Законот за води, согласно Законот за шуми со Шумска полиција итн. Денеска е јасно дека може да се дејствува во тесна координација и комуникација, помеѓу сите институции и органи кои имаат соодветни надлежности. Се мисли на јавните претпријатија, државните институции, Шумско стопанство, Шумска полиција, Кумановско - липковско поле, “Водовод“ и “Чистота и зеленило“ , - изјави Горан Стојановски, раководител на регионален штаб на РЦУК.

    Неурбаниот дел од речните корита е во надлежност на Владата, односно на Кумановско - липковско поле и тие треба да го исчистат остатокот.