×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ќе се рехабилитира канализациона мрежа во Куманово

    10.12.2015 14:10 | KumanovoNews

    Ќе се рехабилитира и прошири канализационата мрежа во должина од 26 км во Куманово, со 5 милиони евра обезбедени од ИПА фондовите и 20 отсто од државниот буџет.

    Ќе се рехабилитира канализациона мрежа во Куманово

    За реализација на проектот денеска во општината договор потпишаа министерот за животна средина, Нурхан Изаири, градоначалникот Зоран Дамјановски и директорот на јавното претпријатије “Водовод“, Горан Стојковски. Проектот ќе започне во јануари 2016 година и треба да се реализира за 18 месеци.

    Ова е таа комбинација ИПА заедно со буџетот на државата. Ова е еден од проектите со кои можеме да се гордееме, меѓутоа нас нè очекуваат и други проекти кои заедно со општината, заедно со регионот ќе ги решиме. Како што кажав имаме проблеми со отпадот и сме во таа фаза, веќе ќе тргнеме и со решавање на тој многу значаен проблем. Се надевам дека овие информации ќе допрат до граѓаните и ќе ја оправдаме довербата - рече Изаири.

    Тој вели дека ова е само еден чекор во заложбата за поздрава и почиста средина, но мора да се работи и за почист воздух, вода и  справување со отпад.

    Една голема благодарност од мое име и од име на граѓаните, пред сè за упорноста и доследноста на министерот Изаири. Јас ова ќе го пренесам на моите граѓани и ќе бидеме задоволни ако до крајот на 2017 година успееме да го завршиме целиот проект бидејќи тој е многу голем, обемен проект и се надевам дека во најскоро време благодетите од оваа работа ќе бидат присутни на нашите улици - изјави Дамјановски.

    Директорот на „Водовод“, Горан Стојковски вели дека бенефит од проектот ќе имаат граѓаните, а воедно се заблагодари на Министерството за посветеноста.

    Ќе добијат нова, функционална мрежа, и ревитализирана стара мрежа и секако краен бенефит за животната средина во Република Македонија - рече Стојковски.

    Од Министерството потенцираа дека откако проектот ќе се заврши, значително ќе се подобри квалитетот на живот на граѓаните.