×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Центaрот за јавно здравје отвори лабораторија за ковид тестови

    01.06.2021 13:13 | KumanovoNews

    Во Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) во Куманово денеска започна со работа нова лабораторија, каде ќе се изработуваат тестови за ковид-19.

    Центaрот за јавно здравје отвори лабораторија за ковид тестови

    Изработката на ПЦР тестовите, ќе биде во соработка со Фондот за здравство (ФЗОМ), и ќе се одвива преку закажување термини од матичните лекари.

    „Неколку месеци макотрпно работевме за отварање молекуларната лабораторија, која ќе служи на граѓаните од нашиот поголем регион, кој досега имаше сериозни проблеми околу обезбедување на термини и носење на брисевите од ковид-19. Сега ќе биде многу полесно, тука се земаат брисевите и истиот ден ќе се даваат резултатите. Ќе гледаме брисеви по мој термин и епидемиолошки, брисеви за патување во странство и за клиничко лекување“, - изјави д-р Дане Милошевски, специјалист по микробиологија.

    Цените за комерцијалните ПЦР тестови се движат од 1850 денари за резултат без превод, со сертификат и превод на англиски јазик 2200 денари и ултра тест ПCР молекуларен кој ќе бива до еден час ќе чини 3000 денари. За групни патување преку туристички агенции и други правни лица, цената ќе изнесува 1850 денари со сертификат.

    Засега лабораторијата ќе работи само прва смена, но интенција на менаџерскиот тим е да биде достапна на граѓаните и во попладневните часови.

    Досега во ЦЈЗ Куманово имаше само пункт за земање брисеви, кои се носеа на обработка во лабораторија во Институтот за јавно здравје во Скопје.

    (С.Николиќ)