×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Четириесет дозволи за соларни и фотоволтаични централи издала Општина Куманово, шест се градат

    01.02.2024 09:31 | Оливера Пешевска

    Четириесет дозволи за изградба на површински соларни и фотоволтаични централи се издадени од Општина Куманово. Секторот за урбанизам добил известување дека на шест од нив е започнато со изведување на работите.

    Четириесет дозволи за соларни и фотоволтаични централи издала Општина Куманово, шест се градат

    Во близина на индустриската зона Речица предвидена е една, вон опфат на градежно земјиште во атарот на Горно Којнаре уште една, а останатите се планирани во селото Биљановце и на Пчињски пат.

    „Дозволите се издадени по урбанизација на земјоделско земјиште. Но, на територија на Општина Куманово нема пренамена на квалитетно земјоделско земјиште, сите дозволи се за земјиште од 5-та класа, и неколку поединечни случаи на земјиште од 4-та класа“, истакна раководителката на секторот за урбанизам, Емилија Сларидис- Јаневска.

    Со изградба на фотоволтаични централи и други енргетски капацитети нема загрозување на производство на земјоделски култури, затоа што тие ќе бида инсталирани на почва рангирани од 5-та до осма бонитетна класа. Експертите сметаат дека ова е многу важно затоа што во периодите кога цените на храната енормно пораснаа земјоделските површини ќе се користат за производство на прехрамбени продукти.

    Во последните две години актуелно е преориентирањето кон обновливи извори на енергија, по енергетската криза која драстично ја поскапи и електричната енергија, но и останатите енергенси. Изградба на соларни, фотоволтаични централи  или ветроелектрани го намалува карбонскиот отисок на земјава и е обид за мiнимизирање на зависноста од фосилни горива.