Четириесетина дечиња творат на ликовниот камп „АСНОМ 2017“
21.06.2017 14:09
| KumanovoNews
Во комплексот Етно село покрај Куманово, три дена трае Детскиот ликовен камп „АСНОМ 2017“.
На кампот учествуваат четириесетина дечиња од основните училишта во градот, како и од дневниот центар “Порака наша“ и Центарот за лица со попреченост до 18 години.
„Оваа година одзивот е најмасовен и имаме исклучително квалитетна програма. Со децата секојдневно работат по неколку уметници и професори во повеќе техники. Младите уметници создадоа интересни цртежи и дела, - изјави Нино Величковски, директор на Фондацијата за култура.
Детскиот камп „АСНОМ 2017“ се одржува 7 година по ред, а затварањето е закажано за утре во 12 часот.
Манифестацијата се организира под покровителство на Општина Куманово.

