×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Четириесетина компании се презентираа на саемот за вработување

    11.11.2015 11:12 | KumanovoNews

    Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ денеска се одржува саем за вработување, на кој учествуваат четириесетина компании од нашиот регион.

    Четириесетина компании се презентираа на саемот за вработување

    Саемот го организира Агенцијата за вработување на Македонија за да се поврзат фирмите кои бараат работници и невработените кои се во потрага по работа. На саемот невработените можат да донесат своја кратка биографија и да ја остават на штандовите. Ова е втор по ред саем за вработување во Куманово, и седми од почетокот на годинава.

    Се бараат луѓето од техничките науки, луѓето кои се од занаетската сфера, кои се добро обучени да работат со машини и постројки. Јас се надевам дека овие наши придонеси на Влада, АВРМ ќе придонесат младите да одберат соодветно образование со кое ќе бидат вработени, а не невработени. Јас се надевам дека денешниот ден ќе биде успешен како и ланскиот саем кога беа вработени 135 лица - изјави Влатко Поповски, директор на АВРМ.

    Директорот на Центарот за вработување Куманово, Милорад Тренчевски рече дека има компании од дрвна, прехранбена индустрија, трговија.

    Ова е извоинредна можност да направиме контакт меѓу работодавачите и невработеите. Работодавачите ги собираат сивиата, од која категорија им одговараат - рече Тренчевски.

    Од „Искра“ од Куманово кажаа дека имаат потреба од бравари и заварувачи со искуство.

    Многу е тешко да се најдат заварувачи и се надеваме дека на саемот ќе најдеме нешто. Моментално има заинтересирани, па ќе видиме како ќе се одвива ситуацијата - кажа Елена Ѓорѓевиќ од „Искра“.

    Неработената Маријана Милчевиќ по професија трговец, веќе 6 години е без работа и дошла на саемот за да види какви можности за работа се нудат.