ЦИД ја истражуваше демократијата во организациите
Центарот за интеркултурен дијалог оваа година реализираше проект насловен како „Саќе“, со кој ја истражуваше демократијата во младинските организации.

Опфатени беа 50 организации од Македонија, исто толку од Полска, Турција и Белгија, со тоа што белгиските организации се само во некои делови компарирани. Резултатите покажуваат дека организациите ги вклучуваат младите само кога тие сметаат дека треба да се вклучат.
Најголем дел од организациите одбрале да ги вклучат младите само во проекти каде тие сметаат дека треба да се вклучат. Односно, не во целото одлучување во рамките на организацијата. Воглавно најголемите прашања околу начинот на вклучување на младите во младинските организации се отвараат кога организацијата ќе достигне членство од 10 до 50. Тука е најголемиот проблем како да се организира носењето на одлуки, работни групи, на кој начин сите тие членови да ги вклучат. Организации со над 50 членови имаат некој систем, а организации со помалку од 10 членови многу поедноставно ги носат одлуките“-изјави Стефан Маневски, програмски координатор на ЦИД.
Маневски вели дека организациите ретко користат онлајн алатки за преку интернет да побараат мислење од членовите. За таа цел треба да се развие водич на користење на вакви алатки.
Проектот е спроведен со грант од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во рамки на програмата Ерасмус плус на ЕУ.