Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Центарот за меѓукултурен дијалог почнувајќи од оваа сабота во 17 часот, па се до 5 декември во Младинскиот центар „Мулти Култи“ ќе организира работилници за социјални права.
Младите ќе можат да ги надградат знаењата за социјални права, да ги подобрат ораторските и вештините за дебатирање.
Работилниците за социјални права претставуваат одлична можност доколку сè уште го немате направено изборот за вашата иднина, односно уписот на факултет или можеби се двоумите помеѓу Правен, Економски, Филозофски факултет, социјални или политички науки и уште многу други. Исто така и уште поголема можност за сите студенти кои почнуваат да се запознаваат или можеби и се занимаваат со проблематиката на социјалните права и бараат неформален начин на надоградување на своите капацитети“ - стои во соопштението од ЦИД.
Заинтересираните можат да се пријават за учество на мејлот [email protected].