Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Центарот за меѓукултурен дијалог од Куманово од 4 до 8 ноември во Берово, ќе организира школа против говор на омраза, наменета за младински работници, активисти и студенти.
Кандидати над 18 години до 19 октомври можат во организацијата да се пријават за учество на школата. Преку обуката учесниците ќе развијат способности за справување со говорот на омраза, ќе се подигне свеста за говорот на омраза, дискриминацијата на интернет и слично. Школата се состои од онлајн запознавање, обука и на крај спроведување на активности во средините каде учесниците живеат. Оваа школа се одржува 4 - та година по ред, со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.