„Чистота и зеленило“ чисти снег од јавните површини
04.01.2016 11:04
| KumanovoNews
Вработени во јавното претпријатије „Чистота и зеленило“ денеска го расчистуваат снегот од јавните површини.

Се чисти снегот од плоштадот, пред институциите, на пешачките премини, на автобуските постројки и други локации.
Се собира снег со трактор онаму каде има снег за изнесување, а на другите места се чисти и се остава до сливници. Се молат граѓаните да го почитуваат законот и да исчистат пред своите домови и дуќани - вели Благица Јовановска од „Чистота и зеленило“.
И сопствениците на дуќани утрово го расчистуваа снегот од пред своите дуќани, во спротивно можат да се соочат со парична казна.