Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Вработени од јавното претпријатије „Чистота и зеленило“ деновиве ги кастрат старите разгранети дрвја низ градот.
Искастрени се дрвјата на улиците „11 Октомври“ и дел од „Народна револуција“ на барање на граѓаните.
Се кастрат дрвјата кои пречат на граѓаните, на нашите камиони или на други камиони за поминување, на жици и кабли. На барање на граѓаните се искастрени гранки на двете улици „11 Октомври“ и дел од „Народна револуција“. Вообичаено на есен правиме ваква акција за кастрење на дрвјата во градот - вели Благица Јовановска од “Чистота и зеленило“.
Јовановска додава дека во наредниот период ќе засадат нови дрвца на потегот од населба Карпош до Спомен костурница, кај Спортската сала и во Стариот градски парк.