Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека Стариот парк е запуштен, од јавното претпријатије “Чистота и зеленило“ најавуваат дека паркот наскоро ќе биде ограден и осветлен.
Директорот Сашо Петрушевски, објасни дека по сечењето на старите дрвја од „Шумско стопанство“, тревната површина редовно се одржува и секојдневно се мете и чисти паркот.
По завршување на тендерските постапки, паркот ќе биде ограден, осветлен, со клупи кои ќе бидат поставени од страна на општина Куманово. Ние тогаш ќе настапиме во септември најверојатно со хортикултурно и со уредување кое е во програмата на „Чистота и зеленило“. Мислам дека во текот на наредните месеци паркот ќе добие ваков лик. Сега во оваа фаза не се сади со некои правила пропишани за земјоделство - вели Петрушевски.
Петрушевски вели дека паркот прво мора да се заштити со ограда, а потоа внатре да се уредува.