×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Црква ќе се гради во населбата Перо Чичо

    26.11.2014 10:15 | KumanovoNews

    Во населбата Перо Чичо, спроти поштата, догодина ќе се гради црква.

    Црква ќе се гради во населбата Перо Чичо

    Кумановско - осоговската епархија во оваа населба купи земјиште со површина од 1902 метри квадратни за изградба на црква. Камен темелникот на новиот верски храм посветен на празникот на светото Благовештение на Пресвета Богородица,  ќе биде осветен на 7 април 2015 година.

    “Се работи за населба која има пораст на население, ги имаат сите инфраструктурни објекти и за потребите на верниците ќе се гради црква. Средствата ќе бидат обезбедени од Кумановско - осоговската епархија и од донации“ - вели Игор Здравковски, лице за односи со јавност во Кумановско - осоговска епархија.

    Оваа е втора црква која се гради во Куманово по основањето на епархијата, а  сите останати верски храмови се реновирани.