Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Црвен Крст ќе донира прехранбени пакети за 40 сиромашни семејства во градот.
Во проектот се опфатени загрозени граѓани од Куманово. Липково и Старо Нагоричане. Има луѓе од центарот на градот, но и од планински села. Оваа акција е традиционална, секоја година донираме. На список имаме од 80 до 100 загрозени семејства, но засега на толку сме во можност да им излеземе во пресрет - вели Сања Голубовска од Црвен Крст.
Помошта е соберена во Неделата на солидарност, кога граѓаните и фирми донираа за помош на сиромашните.