×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Цветковска: Државотворноста на македонскиот народ произлезе од Илинден

    31.07.2014 07:14 | KumanovoNews

    Унијата на жени на ВМРО - ДПМНЕ во пресрет на Илинден, синоќа во Центарот за култура одржа трибина со наслов “Идејата на Илинденците - патоказ кон македонската држава“ на која говореше м-р Соња Цветковска.

    Цветковска: Државотворноста на македонскиот народ произлезе од Илинден

    На присутните, прво им се обрати претседателката на Унија на жени на ВМРО - ДПМНЕ ОК Куманово, Злата Божиновска, која порача дека мора да бидеме одговорни кон себе, кон блиските и да го чуваме она што предците го оставиле како аманет. Таа истакна дека Илинден е еден од најголемите празници за македонскиот народ и на 2 август треба народот масовно да се собере и да им оддаде почит на загинатите борци.

      - Историјата на нашата земја е полна со големи настани, полна со херои, јунаци, луѓе со посветеност, со патриотизам, визија, одлучност и одговорност. Луѓе кои дејствувале и живееле со лојалност кон народот и државата. Историјата на нашата земја е полна и со битки за идеали и битки за подобро утре и подобра иднина на Македонија. Жените секогаш биле дел од тие битки. Несебично се залагаа за иднината на своите чеда, за иднината на својата земја - изјави Божиновска.

    Соња Цветковска се заблагодари што ја има честа да говори за првиот Илинден од 1903, вториот Илинден од 1944 година и празникот 8 септември кој во последно време го нарекуваат “трет Илинден“.

      - Државотворноста и самобитноста на македонскиот народ произлезе токму од првиот Илинден 1903 со егзистирање на првата Крушевска Република, каде што беа создадени  првите атрибути на привремената влада и привремениот совет. Практично тогаш се поставени и темелите на македонската самобитност. Од тогаш па наваму второилинденците, односно од Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија во Прохор Пчински 1944 година, кога произлезе и првиот Президиум и првото претседателство и се дефинира Македонија во рамките на федеративна Југославија - рече Цветковска.

    На 2 август годинава ќе се одбележат 111 години од првиот Илинден и 70 години од вториот Илинден.