Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По вчерашната одлука повеќето советници на СДСМ во Советот на Општината да гласаат против предлозите на локалната администрација, претседавачот на Советот Виктор Цветковски најверојатно ќе биде исклучен од партијата.
Потпредседателот на СДСМ Андреј Петров, тоа го најави на денешната прес-конференција на новинарско прашање што се случува во Куманово и дали има разногласие.
Не немаме никакво разногласие, напротив, СДСМ влегува во конечна пресметка со политиките на оваа власт. Во оваа ситуација не можеме да оставиме некој да ги стави личните над партиските и општествените интереси. Нема место во СДСМ за луѓе кои сакаат да седат на две столчиња, ем да бидат СДСМ, ем да шуруваат со власта. Ако ме прашувате за претседавачот на Советот, Виктор Цветковски, тој повеќе не заслужува да биде член на СДСМ- изјави Петров.