Мени

Да му помогнеме на Никола да замине на лекување во Кина

20.06.2018 08:54 | KumanovoNews

 Никола Буковски (5) од Велес, боледува од церебрална парализа и епилепсија, поради што во септември треба да замине на операција во странство.

Да му помогнеме на Никола да замине на лекување во Кина

Досега му се извршени 4 операции, но за да има резултати лекувањето треба да го продолжи со матични клетки во Кина.

- Лекувањето трае континуирано во зависност од тоа колку средства имате. Неопходни се најмалку 4 третмани. За првиот третман потребни се 22.000 долари, кои ние ги немаме, - вели мајката на Никола, Оливера.

 Таа раскажува дека за предходните операции не добиле подршка од Фондот за здравство, поради што сега не се обратиле до институцијата за помош, за да не губат трагоцено време по бирократските лавиринти.

Затоа апелираат до сите хумани и добронамерни луѓе да помогнат за операцијата за Никола за да се оствари неговиот сон.

За Никола може да се донира на телефонскиот број 070/143 117.