Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Осумгодишнот Василиј Баневски од Куманово има ретка болест, поради која не може самостојно да оди се движи. Неопходно му е лекување во странство, но неговото семејство не е во можност да ги покрие трошоците.
„Потребни ни се 11.000 евра за роботска неурорехабилитација во Ниш. Само со еден пробен третман се покажаа првите резултати. Тој почна да чекори држејќи не за рака, поради тоа сакаме да продолжиме со терапијата. И според уверување на лекарите, но и од слични случаи во светот очекуваме резултати“, вели таткото Стефан Баневски.
Василиј е е прв дијагностициран случај во Македонија со дијагноза coffin siris syndrome, а во светот има помалку од 200 слуачи. Болеста му е дијагностицирана на 5,5 годишна возраст, и лекари кои ги посетиле препорачуваат физикална терапија, како основен третман.
Досега биле на лекување на повеќе места и имаат напредок од третманите, но родителите се финансиски исцрпени да продолжат со лекувањето на детето. Затоа бараат помош од хуманите граѓани.
Сите кои сатаат можат да уплатат средства на трансакциска сметка за донација:
Комерцијална банка АД Скопје,
сметка 300097122043593,
IBAN: MK07300307069411722;
BIC/SFIT CODE: KOBSMK2XKUB.
Активирани се и телефонски линии за донација Т- mobile 143-125 и A1 143-460.