×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Да помогнеме заболените да го победат коронавирусот, порачуваат здравствените работници, кои донираа крвна плазма

    27.06.2020 09:27 | KumanovoNews

    Тројца кумановци - здравствени работници во Општата болница во Куманово, кои прележаа ковид-19 вчера даруваа крвна плазма за лекување на заболените од коронавирус во земјата.

    Да помогнеме заболените да го победат коронавирусот, порачуваат здравствените работници, кои донираа крвна плазма

    Докторката Мирјана Србиновска, медицинската сестра Јадранка Ташевска и медицинскиот техничар Исмаил Алили, вчера во Институтот за трансфузиона медицина донираа конвалесцентна плазма, која е најефикасниот лек против коронавирусот.

    Тие велат дека најдобро знааат како пациенти и како професионалци, со што се соочуваат болните и нивните колеги во борбата со коронавирусот, па затоа сакаат да дадат свој придонес во спасување на нечиј живот. Бидејќи нема доволни количини на крвна плазма, аплелираат до сите граѓани кои прележале ковид да се приклучат во акцијата.

    „Ние го имамем лекот во нас и треба да го искористиме. Антителата со текот на време ослабнуваат, подобро да помогнеме на некога, ќе се чувствуваме подобро како луѓе. Апелирам до сите мои сограѓани, а ги има во голем број бидејќи Куманово беше жариште на вирусот, да го сторат истото што побрзо. Сега треба да се мобилизираме во што поголем број, затоа што црната статистика секој ден расне. Да помогнеме на заболените и на здравствениот систем. Да не заборавиме низ што поминавме и со колку неизвесност и страв чекавме дали болеста ќе прогресира. Ние сме имале среќа да преживееме, но многу деца останаа без родители и своите најблиски, многу семејства изгубија по неколку членови, затоа треба да се освестиме и да помогнеме без размислување. Многумина се уплашени, но има и незаинтересирани, особено помладите, но ги охрабрувам дека ова е единствениот начин да се одолжиме за се` што беше направено за нас за да ја победиме болеста “, вели Ташевска.

     Таа додава дека постапката за донираење на крвна плазма е многу едноставна. Исто како кога се дарува крв. Дарителите немаат никави трошоци за идење и враќање на Институтот за трансфузиологија во Скопје. Само треба да се пријават на Одделот за трансфузиологија во Куманово, каде им прават анализа на крвта, и доколку испитувањата покажат дека можат да станат донатори, праќаат кола по нив и откако ќе се заврши постапката ги враќаат во Куманово.

    Минатата недела крвна плазна даруваше и доктор во приватна здравствена ординација во Мирослав Бошковски.

    Под мотото „Дарувај плазма, спаси живот“, од Институтот за трансфузиологија во Скопје ги повикуваат сите граѓани кои го прележале вирусот да бидат донатори.

    „Постапка за дарување на плазма се вика плазмафереза и се изведува со високо софистициран клеточен сепаратор. Постапката трае од 40 до 60 минути и се издвојува од 300 до 600 мл плазма, а останатите компонетни се враќат на донорот. Плазмата која е дарувана е течниот дел на крвта кој брзо се надокнадува. Дарител може да биде лице на возраст од 18 до 60 години со телесна тежина поголема од 60 килограми кој ги исполнува наведените критериуми. Да имaат документиран лабораториски доказ дека биле болни од ковид-19,  два негативни теста во рок од 24 часа, да се минимум 21 ден без симптоми, по што ќе се направи дополнителен тест (трет) за да се потврди дека нема присуство на вирус, машките дарители или женските кои не раѓале или се негативни на HLA антитела. Ќе биде земен примерок за одредување на концентрација и/или титар на неутрализичаки антитела Anti-SARS-CoV-2“, - стои на сајтот на институтот каде што е објавен Формулар за донор на COVID-19 ковалесцентна плазма.

    За повеќе информации граѓаните можат да се информираат на телефонски број 078/488-459 или на email: [email protected].