×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Да се вратат старите цени на осигурување на возилата одлучи Владата

    03.05.2024 09:16 | KumanovoNews

    Цената на осигурувањето од автоодговорност да се врати на ниво од пред 25 април 2024 година, одлучи Владата на вчерашната седница.

    Да се вратат старите цени на осигурување на возилата одлучи Владата

    „Усвоените измени и дополнувања од страна на Владата, се по предлог на Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност при Министерството за финансии и со нив се утврдува опсег од 15% до 30%, во којшто друштвата за осигурување можат да го определат делот на премијата за вршење дејност на осигурување од автомобилска одговорност. За износ на трошоците над 30%, предвидено е, друштвата за осигурување, да побараат претходна согласност од Агенцијата за супервизија на осигурување. Денешната одлука на Владата значи враќање на цената на осигурувањето од автоодговорност на ниво од пред 25 април 2024 година”, се вели во владиното соопштение.

    На 25 април, цената на полисата за задолжителното авто осигурување поскапе за 15,44 отсто за возила со моќност од над 44 киловати. Поскапувањето е од 840 до 1.600 денари, во зависност од моќноста на возилото.

    Од Националното биро за осигурување (НБО) велат дека поскапувањето на цената на полисата за задолжителното авто осигурување за 15 отсто се должи на актуелните пазарни услови, или поконкретно: континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, порастот на цената на резервните делови, порастот на платите и постојаната голема инфлациона тенденција.