×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дали државата ја занемарува културата во Куманово?

    25.01.2013 10:18 | KumanovoNews

     Раководителот на секторот за култура и спорт во Општина Куманово, Жика Крстевски, го обвини Министреството за култура дека не извојува доволно сретства за финасирање на културните манифестации во градот и за одржување на нивните објекти.

    Дали државата ја занемарува културата во Куманово?

    Како поткрепа на своето тврдење ги наведе малиот број на проекти во програмата за оваа година и проблемот со греењето во Центарот за култура.

     Се планираат две претстави на албански и две на македонски јазик. Што ако има повеќе вработени артисти кога нема што да работат. Тоа треба да не загрижува. Зошто не се бориме да донесеме што повеќе манифестации во Куманово. Оваа година во програмата нема пари за КУД “Панче Пешев“ како претходните години, а за Тамбурашкиот фестивал не е прецизирано колку пари се планираат - изјави Крстевски.

    Опозицијата во советот на Општината жестоко се спротивстави на овие обвинувања.

    Бране Петрушевски од ВМРО - ДПМНЕ вели дека државата подржала само дваесетина проекти, бидејќи Општината не понудила квалитет за да добие соодветно место во програмата за 2013 година.

    Миле Јакимовски обвини дека локалната самоуправа форсира кич наместо уметност и подготвува скромни програми за државните празници. При тоа го праша Крстевски зошто не го решили проблемот со греењето додека тој бил директор во Центарот за култура.

     Колку пари даваме за одредени работи кои се далеку од култура. Можеме да скратиме од Аца Лукас, да дадеме за балет. Форсираме шунд - кич култура. Се трошат пари за разни пивтијади, празијади, чваркијади и се што е поврзано со јадењето. А, вие  господине  Крстевски додека бевте директор можевте да измислите соларно греење, ваша беше Владата, или вашето помина па сега е лесно да се збори - рече Јакимовски.

    На ова Крстевски одговори дека советниот има погрешни информации,бидејќи година ипол откако тој заминал од директорското место имало кражба во котларата за парно и оттогаш објектот нема греење. Тој се пофали дека во негово време Центарот за култура реализирал културни настани, третина од целата продукција во Македонија. Негов став е дека Центарот за култура треба да им служи на културните дејци, а не на политичарите.