Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На денешната средба, градоначалникот Зоран Дамјановски и евроамбасадорот Аиво Орав зборувале и за безбедносната состојба во државата.
Заедно констатиравме дека нема некоја драматична состојба која може да се радикализира, меѓутоа сметаме дека случајот треба што порано да добие судска завршница, со која ќе бидат задоволени сите страни. На некој начин да се стави точка на етничките тензии во самиот регион, а пред се и во Република Македонија. Сметаме дека тој процес набрзо ќе биде решен и ќе бидат расчистени сите детали. Кога би направиле анкета во регионот, особено во нашиот, приоритет би била безбедноста, а не сиромаштијата, бедата и вработувањето. Инсистираме и апелираме што поскоро да се затвори оваа тема - рече Дамјановски.
Орав беше воздржан и не сакаше да ја коментира безбедносната состојба во државата, туку само повтори дека од Куманово ќе си замине со повеќе знаења и информации кои претходно не ги знаел.