Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Зоран Дамјановски, кандидат за градоначалник од СДСМ, денеска го посети затворениот базен што се гради кај спортската сала во Куманово.
Овој проект започна пред една година, и сами гледате дека се наоѓа во завршна фаза. Треба да се заврши до лето, и на есен да биде пуштен во употреба. Ќе има комерцијални содржини на 2000 метри квадратни, и затворен базен со модерно греење на гас. Ова е инвестиција од 150 милиони денари, сретства обезбедени од буџетот на општината. Овој спортско-рекреативен објект е најдобар доказ дека Куманово не е само грдата слика која моите противници ја покажуваат. Ова е убавата слика на Куманово со која можеме да се гордееме, бидејќи другите општини немаат вакви проекти - истакна Дамјановски.
Тој најави, дека по завршување на базенот и аква паркот, целиот комплекс со кејот ќе се заокружи со уште две спортски игралишта и затворено лизгалиште, кое ќе биде функционално без разлика на временските услови. За дивиот пазар за стари работи, кој се наоѓа на паркингоп пред салата, предвидено е да се дислоцира во близина на Митев мост.
Во денешната агенда за предизборно претставување, Дамјановски го посети и сточниот пазар во селото Долно Којнаре, каде најави негово проширување и уредување.
Главен проблем е проширување на влезот, односно изградба на уште еден мост на реката. Исто така е предвидена изградба на нов пат и поилки за добиток. Имаме водоводна мрежа, меѓутоа треба да се реши останата инфраструктура.Останатиот дел од четири хектари земјиште кој е на ЈП “Пазаришта“ ќе биде изграден магацински простор - вети Дамјановски.