×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дамјановски најави отварање на индустриска зона во Речица

    05.03.2013 14:31 | KumanovoNews

     На средбата со симпатизерите и членовите на СДСМ во населбата Ајдучка Чешма, градоначалникот Зоран Дамјановски вети изградба на индустриска зона во селото Речица во која ќе работата 60 компании и ќе се отворат 2500 нови работни места.

    Дамјановски најави отварање на индустриска зона во Речица

    Сугерираме отварање на економска зона на 2-3 км на потегот кон Речица, каде ќе има 60 индустриски, стопански капацитети и можност за вработување. Локалната самоуправа ќе влезе во решавање на комунални проблеми. По политичкиот договор, ние овој краток период ќе го искористиме за она што беше сработено ова лето и онаа база “Отвори врата за иднината“. Врз основа на сите тие сондажи направени во изминатиот период, нашата програма ги опфати сите актуелни, комунални, социјални и други проблеми на населението во град Куманово. На секој месен штаб ќе имаме посебни програми со кои се опфатени желбите на граѓаните. Тоа ќе го направиме во наредните десет дена - вели Дамјановски.

    Градоначалникот вети дека во оваа урбана заедница ќе бидат решени комуналните проблеми, бидејќи населбата Ајдучка Чешма е витално место во кое општината и досега вложувала. Промоцијата на програмата на СДСМ за изборите ќе биде во петок и тогаш граѓаните детално ќе знаат што се се планира за повеќе сектори, спорт, образование, култура.