×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дамјановски најмоќен, Цветковски шармер а секси никој!

    13.12.2010 23:22 | KumanovoNews

    Градоначалникот Зоран Дамјановски и претседателот на Советот Виктор Цветковски ги освоија симпатиите на кумановските советнички и општинските началнички на одделенија.

    Дамјановски најмоќен, Цветковски шармер а секси никој!

    Ги прашавме коj е најмоќен а кој најшармантен маж во Општината и Советот. Двајцата политичари на СДСМ се издвоија од останатите нивни сопартијци и политичките противници. Титулата Мистер шарм му ја доделија на претседателот на Советот Цветковски а епитетот Најмоќен маж на првиот човек на Општината Дамјановски. И останатите членови во Советот не останаа без комплименти за нивниот изглед, харизма, еловентност, стајлинг и однесување. Жените кои носат одговорни одлуки во интерес на граѓаните, студиозно одговараа на прашањата на kumanovonews, кој од нивните колеги се одвојува, и им остава посебен впечаток во советничките клупи. Иако во гласањето преовладуваше политичката припадност, дамите тврдеа дека се работи исклучиво за лични вкусови.

    Најашармантен е Виктор Цветковски поради својата појава, начинот на кој луѓето го перципираат. Моќен може да биде само оној што има висока функција. Според она како се поделени улогите во Советот, најмоќен по функција е претседателот на Советот, а во градот заедно со него градоначалникот. Нема помоќни личности од нив. Нивната функција им налага да бидат пошармантни од другите, поелоквентни, секогаш со средена мисла - смета Александра Георгиевска од СДСМ, избрана од своите колеги за мис Совет.

    Поради малиот број на жени во Советот во анкетата ги вклучивме и раководителките на сектори во локалната администрација кои редовно присуствуваат на седниците и ги делат советничките клупи со народните избраници.

    Најшармантен е градоначалникот. Се издвојува по тоа што е пријателски расположен кон сите, многу е интелигентен и исклучително забавен. Претседателот на Советот е доста елоквентен, знае да комуницира со луѓето, пристапен е и има убава насмевка - вели Лидија Ланг - Спасовска од Секторот за урбанизам.

    Советничките од опозицијата исто така имаат свои фаворити. Различно од сдсмовките гласаа и за колеги политички опоненти, но пофалби упатија и на нивните сопартијци.

    Цветковски е најшармантен затоа што има прекрасна насмевка и секогаш е позитивен. По моите критериуми најелоквентен е мојот колега Јордан Пачков кој секогаш е отворен, комуникативен и народен човек. Тој се одвојува и по физичката конструкција, изгледот и моќта на говорот - вели Слаѓана Георгиевска од ВМРО-ДПМНЕ.

    На нејзината листа се најде и уште еден нејзин сопартиец кој во Советот е препознатлив по стајлингот и маркираната гардероба.

    Најстокмен советник е Глигор Манов. Тој има изграден стил по кој е препознатлив. Секогаш му е усогласен костумот со кошулата и чевлите. Стајлингот му е 10 плус, независно за кој период од годината се работи секогаш е тип-топ - вели Георгиева.

    Советничките излегоа похрабри од советниците кои пред неколку месеци на слични прашања за колешките повеќето одговараа дипломатски избегнувајќи да дадат конкретен одговор. Од анкетираните ни една не спомна дека се плаши од реакцијата на сопругот или околината.

    Најшармантен е претседателот на Советот. Најмоќен со својата појава е Зоран Маневски. Со неговата висока става остава впечаток, има убави манири и карактеристики што прилегаат на современ маж. Тука морам да го додадам и градоначалникот кој секогаш е подготвен да одговори на сите поставени прашања, снаодлив и многу интелигентен - вели најмладата советничка Даниела Георгиевска од СДСМ.

    Нејзината сопартијка Марина Манојловска, прво тврдеше дека сите колеги поседуваат  шарм и не може да издвоји само еден, поради тоа што сите се учтиви и им посветуваат внимание на жените во Советот. На наше инсистирање попушти и направи топ листа по нејзина мерка.

    Најхаризматичен е претседателот на Советот Виктор Цветковски, а најмоќен е градоначалникот Зоран Дамјановски. Најелоквентен е мојот колега Миле Јакимовски кој е доста начитан и во своите дискусии знае да биде симпатичен, и кога е оштар - смета Манојловска.

    Советничките од Коалицијата за подобра Македонија, епитетите ги дадоа на своите сопартијци.

    Мојот колега Горан Стојковиќ е најашрмантен. Ако за некого кажете дека се издвојува од останатите, тогаш треба да ја познавате природата и карактерот на човекот. А бидејќи ние сме блиски соработници и сопартијци, мислам дека доволно се познаваме и дека можам да кажам дека тој е еден од најшармантните и најмоќни советници,пред се  и како директор на едно големо јавно претпријатие. Зад него на листата е претседателот на Советот - вели Емилија Томиќ од ДПСМ.

    Најшармантен е Глигор Манов, како физички така и на начинот на изразување, начинот на дискутирање. Во однос на елоквенцијата предводи Јорда Пачков, поради тоа што има талент за комуникација со луѓето и поседува  големи ораторски способности - вели Бранкица Гогиќ од СПМ.

    Началничката на Секторот за инспекциски надзор Верче Лазаревска, тврди дека нејзините фаворити не се издвојуваат поради партиската припадност.

    Најмоќен е градоначалникот. Тој е авторитативен човек кој со своето знаење и политичката способност доминира над останатите. Во однос на шармот гласам за младоста и убавината, а со тоа титулата му ја давам на најмладиот советник Владимир Павловски - вели Лазаревска.

    Единствената советничка која имаше дипломатски одговори на нашите прашања и не сакаше да ги дели колегите беше претседателката на СДСМ. Таа смета дека помладите имаат повеќе интузијазам, шарм, енергија и со тоа перспектива да станат добри политичари.

    Тие со својот имиџ го оправдуваат ликот на советник. Секогаш се уредни, елоквентни и секој си носи посебен шарм. Што се однесува до градоначалникот ќе кажам дека него го краси интелигенцијата. Не само што е надпросечна, туку е уникатна во секој поглед - вели Захариева.

    Интересно е да се забележи дека на прашањето кој од советниците е најсекси, советничките не сакаа да коментираат или кратко одговараа дека никој не ги задоволува нивните критериуми за го прогласат за секс симбол во Советот.