×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дамјановски: Неизводлива беше изградба на кружен тек на раскрсницата

    10.07.2015 13:24 | KumanovoNews

     Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски, смета дека ВМРО-ДПМНЕ со прес конференции ја замајува јавноста бидејќи власта ја тресат афери.

    Дамјановски: Неизводлива беше изградба на кружен тек на раскрсницата

    “Ова е позната работа. Ако не биде крстосница, утре очекувам да биде затварање на вентили, блокада на депонии и се она што го чини популизмот на ВМРО кое владее 10 години. Мислам дека се прочитани од народот, од граѓаните. На граѓаните веќе не им е важно дали ќе биде кружек тек или ќе биде поставено вака како што е. Гледаме дека и на кружни текови се случуваат сообраќајни несреќи. Сугестијата ќе ја прифатиме како таква, но целта е да прават пресија на локалната самоуправа.“-одговори Дамјановски.

    Тој објасни дека и локалната самоуправа првично планирала да направи кружен тек на раскрсницата на Градскиот кеј, но поради приодите, конфигурација на терен, како и близината на двата булевара, тоа не било изводливо.

    Дамјановски очекува пожестоки напади од ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи како што вели бродот на премиерот Никола Груевски и на неговата тајфа тоне.