×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дамјановски: Проблемот во Пчиња е политички

    07.06.2012 13:45 | KumanovoNews

     За водоснабдувањето на село Пчиња и дислоцирање на депонијата, градоначалникот Зоран Дамјановски вели дека ќе треба да се почека, бидејќи тоа се капитални преокти за кои треба доста време и пари.

    Дамјановски: Проблемот во Пчиња е политички

    До крајот на годината ќе биде готова студијата за изградба на депонијата, по што ќе се бара приватен партнер, додека проект за водовод треба да се измени и доработи.

    Овде политика е во прашање, бидејќи до неодамна немавме ниту проект за водоснабдување на Пчиња. Жителите пред еден месец доставија таков проект со кој ќе аплицираме до Телото за менаџирање на кредитот на Европска банка за водоснабдување и канализациони системи. Дали ќе се земе во приоритетите и кога ќе се реализира не зависи од нас, туку од телото на банката и од Министерството за транспорт и врски. Ние на листат на чекање веќе имаме поднесено 6 проекти- вели Дамјановски.

    И за изградба на нова современа депонија, според градоначалникот се бара стратешки партнер.

    Јас не можам да го решам во еден ден, тоа е систематски проблем. Во Струмица процесот за избор на партнер трае трета година. Само издавањето на дозволата трае 1,5 година, а изработката на студија најмалку 8 месеци. Тоа што сега го имаме не е санитарна депонија, тоа е ѓубриште, ама поуредено и покултивирано од неа е само Дрисла во Скопје. Колку толку јавното претпријатие се труди и го оддржува за да нема негативно влијание на околината. Но притисокот што се врши е типичен за ВМРО - ДПМНЕ- изјави Дамјановски.