Дамјановски: Се намалува интересот за прослава на плоштад
Градоначалникот Зоран Дамјановски вели дека оваа година се одлучиле за поинакво празнување на Нова година, без концерт во текот на новогодишната ноќ, затоа што има мала посетеност последниве години.

Тој додава дека граѓаните не излегуваат на плоштад во доволен број затоа што е студено времето или пак имаат споени денови за празници и обично патуваат некаде. Затоа целодневна програма на 30 декември ќе има во градот со Дедо Мраз, ученици, балетски студиа и слично.
Во преговори сме и можеби Кајмакоски ќе биде најголемата ѕвезда од тие шоуа. Ова не е како што граѓаните го перцепираат дали треба да се заштеди. Тоа не се големи пари да го еродираат буџетот. Проблемот е во тоа што еуфоријата која почна, Куманово беше прво во сè, па и во тие мега концерти, прослави, имаше обвинувања дека не знам какви ѕвезди донесуваме, а тие сега донесуваат пет пати поскапи. Меѓутоа имам чувство дека интересот за прослава на плоштадот се намалува и тоа е од разбирливи причини, прво многу ниски температури и втора работа е многу пати луѓето ги врзуваат празниците, одат на викенди, дружби, зимувања - изјави Дамјановски.
Тој вели дека градот ќе биде прекрасно украсен до празникот Свети Јован, а украсите ќе бидат изнајмени.