×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дамјановски вети Кумановска куќа и поевтин паркинг

    29.03.2013 14:53 | KumanovoNews

     Кандидатот за градоначалник од СДСМ, Зоран Дамјановски денеска најави дека во градот ќе се уреди Кумановска куќа, додека улицата “Иво Лола Рибар“ повторно ќе биде двонасочна, а паркинг просторот во Куманово ќе поевтини за 7 денари.

    Дамјановски вети Кумановска куќа и поевтин паркинг

    Долниот кат од оваа куќа е во владение на Општина Куманово и го користат резервни и воени старешини со имотен лист на општината.  Горниот дел во нареден период ќе биде комплетно префрлено на Општина Куманово. Тука на ова место ќе биде изградена т.н. „Кумановска куќа„ која ќе биде наменета за потребите на невладиниот сектор и младинскиот центар. Тука ќе се одвиваат сите активности на граѓанскиот сектор, за да има каде да соработуваат и да имаат простории каде да работат. Тоа е планирано година ипол, меѓутоа заради нерасчистени имотни односи се реконструираше само еден дел - изјави Дамјановски.

     Градоначалникот призна дека имало реакции од граѓаните за еднонасочниот сообраќај на улицата „Иво Лола Рибра„, поради што на улицата ќе се врати двонасочното движење на возилата.

    Нашата нова сообраќајна студија дава можност со новиот генерален урбанистички план да се направи двонасочен сообраќај на “Иво Лола Рибар“ со што граѓаните дефинитивно нема да имаат пречки во комуникации. Ние го направивме тоа само заради паркирањето, бидејќи немаме доволно слободни паркинг места.  Исто така нешто што е многу значајно, планираме со одлука на Совет да се намали цената на паркинг услугите за 7 денари, со што за еден час ќе биде цената 23 денари со ДДВ. На тој начин ќе дадеме подобар финансиски пристап  на луѓето кои паркираат и ќе се зголеми бројот на паркирања.- рече Дамјановски.

    Тој вети дека  и во следниот мандат ќе работи за доброто на Куманово и граѓаните, бидејќи тие го заслужиле тоа.