Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кандидатот за градоначалник на СДСМ, Зоран Дамјановски денеска го посети дивиот пазар за стари работи, кај спортската сала во Куманово и вети негова дислокација на другата страна од Кејот.
Ова е принудно решение за постоење на пазар за стари работи, бидејќи тука продаваат главно луѓе кои се невработени и мораме да внимаваме на социјалниот аспект за нашите сограѓани, и затоа не можевме да го затвориме во изминатиот период. Наша идеја е да го дислоцираме пазарот на спротивната страна од Градскиот кеј, во близина на Митев мост, на приватна површина која е влезена во урбанистичкиот план, и нема да пречи во одвивање на сообраќајот. Со тоа ќе го затвориме овој проблем, ќе ставиме крај на маките на овие луѓе, бидејќи овде се одвива и продажба на големо на зеленчук и овошје.-изјави Дамјановски.
Закупувањето на тезгите на новата локација ќе биде регулирана исто како и досега со минимален надомест.