Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски, ја смета за исправна одлуката на опозицијата да ги бојкотира локалните избори, како разумен и логичен след на настаните на политичката сцена во изминатиот период.
Не треба да се прави фама од тоа што ќе биде со локалната самоуправа. Има закони во државата од децентрализацијата, кои даваат рамка како треба да се однесува секој што ја води локалната самоуправа. Меѓутоа јас сметам дека состојбата на политичката сцена во државата и во Куманово без опозиција не е добра, и не може да функционира. Затоа апелирам да се најде политичко решение, и убеден сум дека ќе имаат доблест двата политички опоненти во овие неколку дена најдат решение во позитивна насока.Ако до тоа не дојде извештајот за Македонија ќе биде негативен а тоа ќе ги загрози нашите заложби за евро-интегративни процеси-изјави Дамјановски.
Тој вели дека државниот интерес е поважен од неговата лична политичка борба и затоа не подлегнал на притисоците од граѓаните и неговите соработници да се кандидира на избори.
Затоа ја донесов одлуката да апстинирам и да не влезам во ниту една комбинација во борба на локалните избори, бидејќи јас сум член на партија и ги почитувам тие ставови. Има доста коментари од моите вработени во таа насока, но тие ја разбираат мојата одлука. Без разлика на индивидуални ставови на поединци или групите кои се залагаа дека не треба да ја оставиме општината без борба, преовладува и доминира ставот дека одлуката на партијата е пресудна и треба да се почитува- тврди Дамјановски.