Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Делегација од Општината Куманово предводена од градоначалникот Зоран Дамјановски се врати од посетата на Кипар, каде што присуствуваше на 23-то Генерално собрание на градови носители на пораката на мирот.
Собранието се одржа во градот Лимасол, каде присуствуваа стотина градоначалници од градовите носители на мирот од повеќе држави од светот.
Со оваа наша посета направивме добра промоција на градот и надворешната политика на државата. Куманово го доби своето место во самото Собрание, поради што идната година ќе влеземе во извршниот борд на асоцијацијата и ќе бидеме креатори на сите активности на градовите носители на мирот. Сметам дека ова беше една од најуспешните посети на делегацијата каде што направивме врв во нашето досегашно претставување, за што постоеше голем интерес од странските медиуми - рече градоначалникот Дамјановски.
Кумановската делегација остварила средби со повеќето градоначалници и другите учесници, меѓу кои и со Том Хокс, поранешен член на парламентот на Велика Британија, каде што станало збор за евро-интегрирањето на Балканот, демократските процеси и напредокот на регионот. На Собранието биле изгласани 4 декларации од областа на човековите права и слободи. Во рамките на настанот имало и посета на градот Никозија, единствен поделен главен град во светот.
Сметам дека оваа промоција на Општината Куманово на меѓународен план ќе допринесе еден ден да биде домаќин на еден ваков светски настан - изјави градоначалникот.
Општината Куманово од мината година е членка на оваа светска асоцијација и единствен град од Македонија.