Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Дарко Пачков е назначен за в.д. координатор на Даночно одделение на УЈП Куманово од минатата недела.
По професија е економист, со искуство во областа на ревизија, финасиски консалтинг и во банкарскиот сектор.
Во УЈП работи 11 години, прво во генeралната дирекција во Скопје, а подоцна во одделението во Куманово.
„Добро сум запознаен со работата и процесите во институцијата, тековно се извршуваат обврските и не очекувам изненадувања во извршување на должноста. Секогаш се трудиме да ја унапредиме услугата кон даночните обврзници, така и ќе продолжиме и во наредниот период“, истакна Пачков.
Тој доаѓа на местото на досегашната координаторка Јасмина Георгиевска.