Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Оперскиот пејач Дарко Тодоровски, вечерва со почеток во 20 часот ќе одржи новогодишен концерт во Занаетчискиот дом во Куманово. Концертот ќе биде поделен во три дела, во кои Тодоровски ќе пее и свири на пијано.
„Концептот е направен специјално за овој концерт, со дел од нумерите веќе сум настапувал пред кумановци, некои од нив за прв пат ќе ги проследат во моја интерпретација. Првиот дел се наменски новогодишни песни за да ја потенцираме празничната атмосфера, во вториот дел се познати џез класици, а со третиот дел намерата е ефектно да го завршам настапот. Се надевам дека на публиката ќе и се допадне она што го подготвив за нив“, истакна Тодоровски.
Дарко Тодоровски дипломирал оперско пеење како стипендист на Руската академија за музика „Гнесин“. Живее и работи во Атина, Грција.
Влезот е слободен за сите заинтересирани.