Деца од Драгоманце и Паланка ќе го посетат штипското студентско радио
Ученици од основното училиште „Христијан Т.Карпош“ и „Илинден“ од Крива Паланка, утре ќе го посетат Штипскиот универзитет и штипското студентско радио.

Оваа посета се реализира во рамки на проектот “Заедница за учење“, кој двете училишта со поддршка од УСАИД го реализираат од минатата година.
Од нашето училиште 20 ученици и 12 наставници ќе го посетат Универзитетот во Штип. Ова ни е петта по ред активност во рамки на овој проект, а како понатаму ќе течат активностите ќе зависи од менторите - кажа Стојка Спасовска, директорка на училиштето.
Децата ќе имаат можност да се запознаат на кој начин функционира радиото во рамки на Универзитетот.