×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Децата на плоштад ја слават Новата година

    30.12.2015 12:36 | KumanovoNews

    Со богата културно-уметничка програма денеска децата на плоштад ја слават Нова година.

    Децата на плоштад ја слават Новата година

    Пред присутните се претставија учениците од „Толи Зордумис“, лицата со посебни потреби, балетски стуида од градот и други, а децата ги забавуваше и Дедо Мраз. На кумановци Новата година ја честитаа градоначалникот Зоран Дамјановски и постојаниот претставиник на УНДП во Македонија, Лујза Винтон, која е прогласена годинава за почесен граѓанин на општина Куманово.

    УНДП има чест да биде дел од оваа забава денеска во вашиот град и јас оваа година бев избрана за почесен граѓанин на град Куманово. Куманово имаше тешка година и јас ја користам оваа прилика да се заблагодарам за вашата улога за справување со овие тешки моменти. Да гледаме напред, да имаме нова соработка и следната година и среќна Нова година, среќни празници, посебно за децата - рече Винтон.

    Дамјановски кажа дека 2015 беше најтешка година од независноста на Македонија, поради безбедносната криза, политичката и бегалската криза и економски проблеми.

    Сè што се случуваше во 2015 година нека остане зад нас, а во 2016 ви посакувам многу здравје, среќа, економски просперитет. Да се врати во Македонија чувство на слобода, демократија, Македонија да биде место пристојно за живеење, да градиме иднина за овие деца - рече Дамјановски.

    Програмата продолжува цел ден. Во 14 часот ќе настапи Тамбурашки оркестар „Наши тамбураши“, во 15 часот групата „Челик бенд“, во 16 часот „Бисери“, а од естрадните уметници ќе пеат Нино Величковски, Маргица Антевска, Тања Јовановска и Боби Амадеус. Од забавни и рок групи во 17 часот ќе пее Мартинијан Кириловски и HQ bend, во 18 часот Akrepat bend, vo 19 часот Concrete jungle, во 20 часаот бенд Mandara и 21 Fusnota и Емилија Дичковска.