Дедо мраз донесе подароци на учениците во Клечовце
30.12.2015 09:40
| KumanovoNews
По повод новогодишните празници, учениците од одделенска настава во основното училиште „Вера Которка“ с.Клечовце се претставија со пригодна програма пред учениците, родителите и наставниците.

По подолго време учениците имаа можност де се израдуваат на Дедо Мраз кој им ги подели новогодишните пакетчиња. При тоа им посака да бидат добри ученици и наредната година. Учениците беа пресреќни од подароците и со насмевки на лицата ветија дека ќе се трудат за поголеми успеси во учењето.
Директорот Оливера Стојанова и вработените од училиштето на сите присутни им ја честитаа Новата година и им посакаа весел зимски распуст.