Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Делегација професори од СОУ “Киро Бурназ“ во четврток и петок ќе престојува во Алексинац, Србија каде се оддржува манифестацијата “Пекарски денови“.
Од училиштето велат дека по примерот на тамошната манифестација планираат на општинско ниво да организираат настан и во Куманово.
Планираме да направиме една проект за подготвување на славски колач на општинско ниво. Тоа би требало да биде за Митровден. Наши професори кои предаваат стручни предмети одат во Алексинац, а во ноември тие треба да дојдат кај нас - вели Горан Јовановиќ, директор на училиштето.
„Киро Бурназ“ соработува со повеќе од десет средни училишта од Србија и Словенија, од кои повеќето се збратимени училишта.