Ден на сеќавање на холокаустот
26.01.2016 11:20
| KumanovoNews
Во Мозаик волонтерски центар утре ќе се одржи работилница во чест на ден на сеќавање на холокаустот.
Ќе биде тоа интерактивна работилница за холокаустот во Втората светска војна и за она што никогаш не треба да се повтори.
Сакаме да го одбележиме Меѓународниот ден на холокаустот. На работилницата ќе биде прикажан и краток филм. Работилницата ја организираат странски волонтери и тие ќе ги прашуваат присутните колку знаат за холокаустот, за луѓето кои се убиени по логори. Целта е да се подигне свеста посебно кај младите луѓе и да не се случуваат такви работи - велат организаторите.
Работилницата е од отворен кракатер, а почетокoт е во 20 часот.

