Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Денеска ќе се одржи четириесет и четвртата седница на Советот на Општина Куманово.
На дневен ред се 22 точки, од кои најмногу се од сферата на урбанистичкото планирање, потоа разрешување и именување на членови на управни и училишни одбори, годишни програми за работа на училишта и установи и информација од полициската станица Куманово.
Седницата ќе се одржи во кружната сала на зградата на поранешните општествено - политички организации, со почеток во 10:00 часот.
Дневен ред:
1. Предлог – Одлука за констатирање престанок на мандат на член на Советот на Општина Куманово;
2. Информација за превземени мерки и активности од страна на Полициска станица од општа надлежност Куманово во текот на првото полугодие од 2024 година;
3. Годишен извештај за работа на Јавната општинска установа за деца – Детска градинка „Ангел Шајче“ – Куманово за учебната 2023/2024 година;
4. Годишна програма за работа на Јавната општинска установа за деца – Детска градинка „Ангел Шајче“ – Куманово за учебната 2024/2025 година;
5. Програма за изменување и дополнување на Годишната програма за работа на ОСТУ „Наце Буѓони“ – Куманово за учебната 2024/2025 година;
6. Програма за изменување и дополнување на Годишната програма за работа на СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ - Куманово за учебната 2024/2025 година;
7. Предлог - Одлука за давање на согласност за формирање на паралелки во прва година со под 25 ученици во општинските средни училишта во Општина Куманово во учебната 2024/2025 година;
8. Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за урбанистичко планирање на подрачјето на Општина Куманово за 2024 година;
9. Предлог – Одлука за утврдување потребa од донесување на урбанистичко-планска документација за к.п. 3444/2 и 3445, КО Романовце вон град – Општина Куманово;
10. Предлог – Одлука за утврдување потребa од донесување на урбанистичко-планска документација за к.п. 3424/1, КО Романовце – Општина Куманово;
11. Предлог – Одлука за утврдување потребa од донесување на урбанистичко-планска документација за к.п. 352/15, КО Речица – Општина Куманово;
12. Предлог – Одлука за утврдување потребa од донесување на урбанистичко-планска документација за к.п. 2393, КО Винце – Општина Куманово;
13. Предлог – Одлука за утврдување потребa од донесување на урбанистичко-планска документација за к.п. 1155, КО Студена Бара – Општина Куманово;
14. Предлог – Одлука за утврдување потребa од донесување на урбанистичко-планска документација за к.п. 1644, КО Клечовце – Општина Куманово;
15. Предлог – Одлука за утврдување потребa од донесување на урбанистичко-планска документација за к.п. 1523/1, КО Горно Коњаре – Општина Куманово;
16. Предлог – Одлука за утврдување потребa од донесување на урбанистичко-планска документација за к.п. 676/4, КО Биљановце вон. гр. – Општина Куманово;
17. Предлог – Одлука за исплата на еднократна парична помош од Буџетот на Општина Куманово за 2024 година;
18. Предлог – Одлука за разрешување на член на Управниот одбор на Заедничко јавно претпријатие за регионално управување со отпад “ЕКО ИСТОК - СЕВЕРОИСТОК” Свети Николе;
19. Предлог – Одлука за разрешување и именување на член на Локалниот економско-социјален совет на Општина Куманово;
20. Предлог – Решение за разрешување и именување на претставник од Општина Куманово за член на Училишниот одбор во СОУ „Перо Наков” – Куманово;
21. Предлог – Решение за разрешување и именување на претставник од Општина Куманово за член на Училишниот одбор во ООУ „Бајрам Шабани” – Куманово;
22. Предлог – Одлука за именување на членови на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво на Општина Куманово.