Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Со пригодна програма на Спомен костурница денеска беа одбележани 24 години од осамостојувањето на Македонија.
Пред споменикот цвеќе положија борците, делегација од Советот на општина Куманово, политички партии, здруженија, претставници од училишта и други. Пред присутните се обрати претседателот на Советот на општина Куманово, Максим Димитриевски кој кажа дека во Спомен костурницата се коските на борците кои животот го дале за оваа држава, и сè она што ние денес се потешко го сочувуваме.
Денеска се трудиме во континуитет да ја градиме слободна и независна Република Македонија. Тоа е наша одговорност и обврска. Ја превземаме таа должност и имаме обврска кон сите овие на кои што денеска им укажавме чест да продолжиме во тие заложби. Куманово се вложи во самобитноста на Република Македонија. Затоа не можам, а да не споменам дека настаните кои што низ историјата на овој град се забележани како позитивни настани, се составен дел на историјата на нашата држава, се длабоко втемелени во нејзината независност и самобитност. Ние имаме обврска да продолжиме таму каде што застанаа нашите предци - изјави Димитриевски.
Тој рече дека сите граѓани без разлика на која партија и припаѓаат треба да ја градат државата, во спротивно идните генерации ќе им судат, а моралниот суд е најголем.
На прославата ученици читаа литературни творби посветени на Македонија и беа прочитани историските факти за 8 - ми септември. Македонија денеска навршува 24 години од независноста, откако на 8 септември 1991 година нејзините граѓани со огромно мнозинство гласаа на референдумот изјаснувајќи се за самостојна и суверена држава.