×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Десетина мигранти Новата година ќе ја дочекаат на Табановце

    30.12.2015 13:53 | KumanovoNews

    Десетина економски мигранти најверојатно Новата година ќе ја поминат  во Транзитниот центар на Табановце.

    Десетина мигранти Новата година ќе ја дочекаат на Табановце

    Тие легално  не можат да го продолжат патот кон Европа, а не сакаат да се вратат назад. Во последниве два дена не дошол ниту еден воз со бегалци, поради блокадата од гевгелиските таксисти. Хуманитарните организации со своите членови се на терен во Табановце и донираат за овие луѓе.

    Веќе два дена нема бегалци на Табановце, ние сме од интернационална црква и донираме облека, ќебиња , храна и топли пијалоци, со посебен акцент на децата - вели Вони Ваникер, волонтер од Интернационална црква Скопје.

    На бегалците организациите им донираат топла облека и обувки.

    Помагаме и во уредување на кампот со инфраструктурни проекти, претежно на децата и на мајките им даваме зимски обувки, зимски јакни, тоа ни е таргет, и ракавици и капчиња - изјави Баки Шакировски од Македонски центар за граѓанско образовани.

    Здравствена заштита и друга помош на бегалците им нудат и четирите екипи на Црвениот крст,  кои работат во две смени. Во последно време  се повеќе бегалци со инвалидитет доаѓаат на Табановце и потоа  Црвениот крст со свои возила ги траспортира до границата со Србија.

    Најмногу помош бараат за респираторни проблеми, настинки, температура и болки во мускулите, зглобовите од долго пешачење, гастро системот со гадење, дијареа, бараат доста облека, ќебиња, располагаме со големи количини ќебиња, лекови  - изјави лекар.

    Паралелно бегалците во Транзитниот центар добија загреани простории, каде можат да се сместат пред да го продолжат патот.