×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дете падна во бунар-извадено живо

    22.05.2014 18:04 | KumanovoNews

    Пожарникар вразан со сајла се спуштил во бунарот длабок над пет метри и го извадил детето без повреди

    Дете падна во бунар-извадено живо

     Осумгодишно дете се здобило со полесни повреди откако паднало во бунар, во дворот на семејната куќа до Школската амбуланта во Куманово. Тоа е пренесено на детското оделение во Општата болница на понатамошно лекување.

    Насреќата се случила вечерва (22.05),  пред 20 часот,  откако се скршиле даските кои го покривале отворот на бунарот. Детето пропаднало во бездната длабока повеќе од 5 метри, но успеало да се задржи и да не потоне во водата. Соседите што биле сведоци на несреќата веднаш  ги повикале Противпожарната служба, Брза помош и Полиција, кои брзо интервенирале и го спасиле несреќното дете.

    Еден од пожарникарите вразан со сајла влегол во бунарот и го извадил детето живо. Во текот на интервенцијата колегата се здобил со полесни повреди и огреботини по телото, поради што побарал лекарска помош,- вели Дејан Илиевски, командир во ТППЕ.

    Момчето било прeгледано од лекарите на Брза помош и пренесено во болница.

    Кога го извадија детето од водата беше свесно, дури и не плачеше, но се тресеше од студ. Имаше спуштена телесна температура поради што го стопливме и му вклучивме кислород. Откако му пруживме прва помош го однесовме на детското одделение на понатамошно лекување,- изјави дежурниот лекар.

    Детето во водата останало околу 20 минути, а се претпоставува дека не се удавило затоа што се држело за даските со кои што паднало во бунарот. Пред да пропадне берело сливи на дрво покрај бунарот.

    Кога се случила несреќата мајката на детето не била дома, а сиромашното семејство Шекири неодамна се доселило да живее во старата и напуштена куќа покрај Школската амбуланта.