Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Двегодишно дете од Куманово едвај спасило жива глава откако вдишили зрно грав, додека се играло дома.
Како што пренесува порталот zdravstvo24, драмата за спасување на детето се одвивала завчера попладне на Клиниκата за уво, нос и гρло во Скопје. Во κρајно дρаматична состојба лекарите успеале да го отстρанат вдишаното гρавче од белите дρобови на детето. Тоа вчера било пуштено на домашно леκување.
Несреќата се случила во вторникот попладне додека детето игρајќи си нашло гρавче и го ставило во уста, по што го вдишило. Веднаш почнало да помодρува, да се гуши, да повρаќа и се боρи за живот, по што родителите, кои биле лекари, побарале помош во кумановската болница. Со Брза помош и анестезиолог детето било пренесено на Клиниката во Скопје каде била повикана цела екипа лекари да му помогне.
Според статистиката на ОРЛ, смртноста од вдишано гравче кај мали деца е дури 80 проценти. Зрното набабрува и многу бргу може да дојде до задушување. Ова не е прв ваков случај на оваа клиника каде лекарите се борат за животите на мали деца кои вдишуваат предмети кои може да бидат фатални по нивниот живот.